| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивал на светлината во Берлин

Вчеравечер во Берлин почна традиционалниот Фестивал на светлатлината, кој во последните години стана едно од најживописните настани во културниот живот на Берлин. Оваа година околу сто згради и историски знаменитости ќе бидат украсени со осветлување и тоа ќе продолжи наредните денови.

Актуелниот празник на светлината се состои од два дела: на  петокот започна фестивалот „Берлин свети “, а следната недела тој ќе биде дополнет со Фестивалот на светлата, кој се одржува во германската престолнина веќе деветти пат. Двете манифестации ќе продолжат до 20 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top