| четврток, 6 декември 2018 |

Горан Бреговиќ ќе финансира музичко образување на Роми

goranbregovic\

 

Музичката легенда Горан Бреговиќ основал фондација за поддршка на ученици и студенти од ромска националност, државјани на БиХ, кои сакаат, а немаат можност музички да се образуваат.

– Општо е познато дека Ромите се музички многу надарен народ и ека музиката им е составен дел од животот, но голем број се без музичко образование, вели Бреговиќ, објаснувајќи што го натерало да ја формира фондацијата.

Во ноември на официјалната интернет страница ќе бидат објавени апликациите, а конкурост за стипендии во јануари следната година. Бреговиќ и пред ова даваше поддршка на Ромите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top