
Поп легендата Мадона откри дека била жртва на сексуално злоставена на почетокот на нејзината кариера кога се преселила од Мичиген во Њујорк.
– Њујорк не е се она што мислев дека ќе биде. Првата година беше пекол. Постојано бев на мета. Бев силувана на покрив на зградата со нож во грбот. Ме нападна непознат маж, откри Мадона за ноемврискиот број на Харпер базар.
– Живеев во апартман кој три пати ми го обиваа. Не знам што затоа што немав ништо вредно во него, вели таа.
И покрај страшното искуство, Мадона решила да успее во Големото јаболко дури ако тоа подразбира и да работи нешто што не и се допаѓа.
– Почетокот не беше како што замислував. Бев професионална танчерка, позирав гола за ликовни уметници за да имам да платам кирија. Беше пекол, преживување, вели Мадона.
За силувањето пејачката прв пат проговорува во интервју направено во 1995 година, но кое никогаш не било објавено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


