| четврток, 6 декември 2018 |

Европратеник му пишува писмо на Аиво Орав против Македонија

Бугарскиот европратеник Евгениј Кирилов кој постојано се обидува да ја прикаже Македонија како непријател на Бугарија му пишува писмо на шефот на канцеларијата на ЕК во Скопје амбасадорот Аиво Орав.

Во писмото Кирилов ќе се жали за искршените информативни табли за позициите на Бугарската армија во првата и втората светска војна во близина на Дојран.

Кирилов смета дека е можно таблите да ги искршиле некои вандали но за него е чудно што за ова не реагирала македонската влада.
Според него таблите кои што се поставени со европски пари не треба да бидат уништувани затоа што со тој проект се зацврстувала почитта кон историјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top