На 102 годишна возраст почина генералот Во Нгуен Гиап, човекот кој беше главниот планер на победата на Виетнам најпрвин против Француските сили во 1954 а потоа и во протерувањето на САД од Виетнам.
Неговата тактика употребена во прочуената битка против Французите кај Диенбиенфу, и офанзивата Тет против Американците во 1968 година сеуште се изучуваат на голем број воени училишта.
Роден е во земјоделско семејство во провинцијата Куанг Бин во Француска Индокина а станал член на отпорот на 14 години. До 1938 година се борел во Индокинеската комунистичка партија основана од Хо Ши Мин по што пребегал во Кина.
По враќањето во Виетнам започнал герилска војна против Јапонските окупатори. По војната против силите на САД Гиап останал на позицијата Министер за одбрана на Виетнам а кратко време бил и Вицепремиер по што откако дошол во судир со Владата на Виетнам бил пензиониран и тргнат од политичкиот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст