Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Србија и Црна Гора Владимир Радмановиќ одлучи да стави крај на својата кошаркарска кариера. Тој во својата 32 година ја завршува својата богата кариера без да се огласи во медиумите, но неговиот менаџер потврди на неговиот твитер профил дека популарниот „радман“ поранешниот кошаркар на Црвена звезда ќе се пензионира.
Радмановиќ кариерата ја започна токму во клубот од Белград од каде кратко заминува во ФМП и во 2001 година се сели преку „барата“ во НБА лигата. Таму играше за Сиетл, ЛА Клиперс, ЛА Лакерс, Шарлот, Голден стејт, Чикаго и Атланта. Одигра 737 утакмици со просек од осум поени и три скока.
На почетокот на оваа сеозна Радмановиќ се поврзуваше со трансфер во неговиот матичен клуб Црвена звезда, но тој сепак се одлучил да стави крај на кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.