| четврток, 6 декември 2018 |

Осум странски компании заинтересирани за пругата Куманово-Бељаковце

Zeleznicka pruga

Голем број компании се заинтересирани за тендерот за рехабилитација на железничката пруга од Куманово до Бељаковце. Засега за пругата понуди доставиле осум компании.

Се работи за компаниите „Актор“ и „Терна“ од Грција, „Штрабаг“ и „Пор“ од Австрија, Вибер“ од Германија, „Синохидро“ од Кина, „Субтера” од Чешка и „Ацилим“ од Турција.

Засега највисока понуда без попуст има понудено турската компанија Ацилим (58.319.595), а најниска германската „Вибер“ чија цена на понудата без попуст е 41.441.469.

Со реновирањето на овој дел од пругата што ќе опфати поставување нови шини и прагови, изработка на осум моста, изградба на три станици и три објекти за сместување на постројките за регулирање на сообраќајот, се очекува да се зголеми брзината на движење на возовите и да се постигне поголема сигурност на патниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top