| четврток, 6 декември 2018 |

Му дал пари за жена, па се предомислил

Триесет и деветгодишен ерген од кумановско на пријател му платил 230 евра за да му донесе жена од Албанија, меѓутоа се предомислил и си ги побарал парите назад. Пријателот не му ги враќал парите за што добил кривична пријава.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(30) од селоНорово-крушевско за кривично дело измама.

На 8 декември лани, откако пријавениот претходно го довел во заблуда Г.М.(39) од село Карабичане ветувајќи дека ќе му најде девојка од Албанија за женидба, за услугата побарал и зел 230 евра, по што по неколку дена Г.М. се предомислил и  побарал пријавениот да му ги врати парите, но досега не го сторил тоа Г.М. случајот го пријавил во полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top