
Штипската болница извести дека еден од повредените во страшната несреќа што утрово се случи на патот Штип – Кочани им подлегнал на повредите.
Во несреќата беа повредени скопјанец, двајца штипјани и струмичанец.
Според првичните информации од полицијата, од засега непознати причини се судриле возило „даеву матиз“ со скопски таблички и пикап со штипски таблички. Бидејќи возилата биле премногу оштетени, на помош била повикана штипската противпожарна единица, а пожарникарите заедно со лекарите и полицајците успеале да ги извадат повредените од возилата и да ги транспортираат до штипската клиничка болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


