| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон најбрз, Раиконен најсреќен

Луис Хамилтон имаше најдобри времиња на двата тренинга во Јеонгам, Јужна Кореа, како загревање за неделната трка во фоемула 1. Британецот доминираше на патеката со брзината, а најсреќен сепак беше поранешниот шампион Кими Раиконен. Тој мина без повреди, откако со болидот на Лотус излета од патеката и сериозно го оштети.

Инцидентот се случи во финишот на првиот тренинг, а Финецот потоа учествуваше и на втората сесија. Механичарите на Лотус успеаја донекаде да го поправат оштетениот болид, иако Раиконен имаше проблеми со функционирањето на воланот. И покрај проблемите Кими забележа осмо време на вториот тренинг.

Квалификациите за позиции ќе се одржат утре, а главната трка е в недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top