| четврток, 6 декември 2018 |

„Филип Морис“ дал милион и половина евра за убедување европратеници

цигариАмериканскиот производител на цигари „Филип Морис интернешнел“ потрошил 1,5 милион евра за ручеци и вечери во рамки на напорите да придобие пратеници од Европскиот парламент за да ублажат закон на ЕУ за производи од тутун за кој ќе се гласа на следната пленарна седница во Стразбур, обвини пратеничката на зелените и германска пратеничка во ЕП, Ребека Хармс, според која во таа сума се вклучени трошоците за состаноци одржани лани со околу третина членови на европското законодавно тело.
Од американската компанија не сакаа да го коментираат износот, но на веб- страницата е објавено дека обвинувањата за силно лобирање се неточни.
Гласањето за директивата, кое требаше да биде одржано во почетокот на септември, е одложено поради наводно силното лобирање на компанијата во рамки на напорите дискусијата да се одржи кога на чело на ЕУ ќе биде Грција, која е „најнаклонета“ кон тутунските производи.
Хармс изјави дека амандманите од членови главно од партии на десниот дентар, конзервативци и одредени либерали се во согласност со „пет посакувани измени“ од американската компанија. На листата на желби на „Филип Морис“ се бришење на забраната за ментол цигари, предупредување на штетност од цигари само на дното од пакувањето, намалување на забраната за следната генерација производи, како електрични цигари и намалување на обемот на предупредување. Компанијата, исто така, посакува и повлекување на т.н. „делегирани акти“, со што пратениците од ЕП би биле спречени лесно да ја дополнуваат директивата откако ќе стане правосилна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top