Нафтата денеска повторно поевтини бидејќи се зголеми загриженоста околу недоволниот напредок во решавањето на буџетската криза во САД. Барел американска „лесна“ нафта за испорака во ноември на Трговската берза во Њујорк чинеше 103,21 долари, односно десет центи помалку отколку на крајот на вчерашното работење, додека нафтата од типот „брент“ во Лондон поевтини за седум центи, на 108,93 долари за барел.
– Цената на нафтата продолжи да опаѓа бидејќи не е преземен ниту еден чекор кон решавање на блокадата на американската влада. Глобалните економски темели веќе беа разлабавени, а овој застој ќе изврши само нов притисок врз цените – изјави пазарниот стратег на компанијата „ИГ маркетс“, Кели Тео.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


