Хрватските трговци, особено оние од малите трафики и дуќанчиња, кои најтешко се справуваат со економската криза и новите закони кои стапија во сила по влегувањето во ЕУ, се огорчени од одредбата цигарите да мора да се кријат од очите на клиентите. Законот веќе стапи во сила, а излозите на продавниците и продажните места каде што има цигари се покриени со хартија, завеси, чаршафи, па дури и со кеси за ѓубре.
Трговците мора да ги кријат цигарите според новата одредба со која се надополнува Законот за ограничување на употребата на тутунски производи, а која стапи во сила на 1 октомври.
Неодамна, како дел од овој закон, цената на цигарите во Хрватска драстично беше зголемена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


