| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачи на Динамо дивееја низ Софија

Бугарската полиција денеска во Софија приведе група од околу 20 навивачи на „Динамо“ од Загреб, поради предизвикување нереди на само неколку часа пред натпреварот од Лига Европа на загребскиот тим со софидки „Лудогорец“.

Според бугарските медиуми, хрватските навивачи се степале со поддржувачи на „Лудогорец“, но и на софискиот  клуб ЦСКА, а поединци биле фатени и во кражби во локалните продавници.

Поголемите нереди се спречени благодарение на брзата полициска интервентната, соопшти полицијате.

Натпреварот од Б групата на Лига Европа меѓу „Лудогорец“ и „Динамо“ се игра вечерва со почеток од 21.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top