| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Сергеј Белов, кошарката е посиромашна за блескава легенда

Големиот кошаркарски маг, Сергеј Белов, почина денеска на 69-годишна возраст, по долга и тешко борба со болеста. Во ерата на СССР, Сергеј беше сметан за најдобриот светски кошаркар што не потекнува од американскиот континент. Во финалето на Олимписките игри во Минхен на апсолутниот фаворит САД им даде 20 поени и клучниот кош за златен медал на СССР.

Со тој меч се разби митот за непобедливоста и супериорноста на Американците во кошарката. Белов на двапати со СССР освои злато на СП (1967 и 1974), а има и 4 круни од европските првенства (1967, 1969, 1971 и 1978).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top