„Ова е ’Си-Ен-Ен‘… од нашето студио во Белград. Добро утро, вака стојат работите денеска…“
Погорниот цитат е измислен… засега. Можеби нема да биде кажан со длабокиот глас на Џејмс Ерл Џонс, но наскоро ќе го чуеме. Но, ова не е реклама за доаѓањето на најпозната телевизиска мрежа во светот, туку почеток на новата геополитика на Балканот или, поточно кажано, моментот кога се комплетираат сите играчи што ќе ни се качуваат на глава во годините што доаѓаат. И како што бива во секоја војна, без разлика дали е за територија или за влијание, така и овде првата жртва ќе биде вистината. Завојувачите во првите линии ги праќаат пропагаторите, поточно перачите на мозок.
Слично како на почетокот од веков кога поповите со лаги и со пари, а бандитите со нож ги тераа Македонците да се пишуваат како Бугари, Срби или Грци. Добро, денес, можеби, не е толку грозно како тогаш, но механиката е иста, само во друга форма и со друга техника.
Да појасниме. Откако арапската „Ал Џазира“ веќе отвори своја редакција во Сараево во ноември 2011 година, веднаш потоа, тајно почнаа подготовките за отворање подружница на американската медиумска ЦИА, позната како „Си-Ен-Ен“. И тоа со три редакции, во Белград, Сараево и во Загреб. Операцијата сѐ уште се смета за тајна, иако риечки „Јутарњи лист“ веќе ја објави. Колку за просветлување, „Си-Ен-Ен“ отвора свои редакции само таму каде што постои особен американски интерес. Затоа постои „Си-Ен-Ен Турк“ во стратегиски важната Турција, потоа шпански „Си-Ен-Ен“ и азиски, односно „Си-Ен-Ен Јапонија“… и сега балкански „Си-Ен-Ен“.
Но, уште еден играч полека се подготвува за мошне дискретно да се вклучи во играта. Тоа е рускиот „Си-Ен-Ен“, познат како „Раша тудеј“. Низ регионот веќе циркулира порталот „Руска реч“, формиран, како што е кажано, за да го презентира тоа што, навистина, се случува во Русија.
Целиот текст за новите борби за влијание во Македонија и на Балканот, прочитајте го во новиот број на неделникот Република кој во продажба е од утре, петок 4 октомври 2013 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!
-
Џабе работи, џабе не седи: Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден