| четврток, 6 декември 2018 |

„Не дојдовме да се караме, а вие сакате да нè истепате“ – за малку тепачка на научна средба во Струга

Бугарски и албански историчари се собраа да ја поништат македонската историја, но се скарааа меѓу себе

 

 

Бугарските историчари се среќни што направиле пробив и учествувале на научен настан во Република Македонија.

Неколку бугарски историчари минатиот викенд учествуваа на научна конференција во чест на сто години од Охридско-дебарското востание, кое, според организаторите, било дигнато како заеднички напор на Албанците и на Бугарите против српските окупатори во Струшко.

 

struga konf

 

На конференцијата на која учествувале десетина бугарски историчари и неколумина од тетовскиот и од приштинскиот универзитет, место да се зборува за востанието настанала караница кога албанските историчари се обиделе да го прикажат како исклучително албанско, а гостите од Бугарија сакале да претстават дека било водено од Бугари.

konfer

 

На таканаречената научна конференција, која е финансирана од Друштвото на историчари Албанци од Македонија, Оштина Струга и од бугарската влада преку Бугарскиот културен клуб во Скопје, дошле само десетина од стотината поканети историчари. Не бил присутен ниту еден од еминентните македонски научни работници.

Вербалната расправија за малку ќе доведела до тепачка меѓу албанските и бугарските научници откако професор од тетовскиот универзитет изјавил дека востанието било албанско, а на востаниците им помогнала само една бугарска чета, по што жестоко реагирале и гостите од Бугарија.

„Не дојдовме да се караме, а вие сакате да нè истепате“ изјавил бугарскиот историчар д-р Александар Гребенаров откако неколку од говорниците се обратиле на форумот со навредливи зборови за Бугарија.

Изворите на „Република“  присутни на собирот во Струга, кој за малку не завршил со тепачка, најмногу биле изненадени што меѓу учесниците биле и претставници на Министерството за одбрана на Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top