| четврток, 6 декември 2018 |

Средоношколски тепачки во Скопје

Pance-Karagozov

Првиот инцидент се случил утрото во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, а вториот во училиштето „Димитар Влахов“.

Полицијата тврди дека околу 8.10 часот се истепале 16-годишниот В.Л. од Скопје и неговиот врсник Б.Б. од село Страчинци, од едната страна, и 17-годишниот Ќ.К. и Ф.А. двајцата од Скопје, од другата страна. Момчињата си удирале тупаници и клоци, а сите задобиле повреди.

Околу 17 часот, во кругот на Средното училиште „Димитар Влахов“, група од неколку ученици ги нападнале учениците С. Ф. и М.М., двајцата од Скопје. Подоцна во полициска станица на разговор се повикани четири малолетни лица, и тоа Џ.М. и Ј.Б. од село Арачиново, а останатите двајца кои се на возраст од 13 и 14 години, по целосно расчистување на случајот ќе заработат соодветен полициски поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top