Според Црвениот крст, во пресметките меѓу демонстранти и полицијата во Мексико Сити повредени се најмалку 51 лице. Судирите значеше крај на протестниот марш на неколку илјади луѓе во Мексико Сити, организиран во знак на сеќавање на убиството на над стотина студенти во 1968 година.
Група демонстранти почнала да фрла со камња и молотови коктели врз полицијата, која одговорила со употреба на солзавец. Полицијата соопшти за повредени 32 полицајци, а приведени се најмалку 97 лица. Меѓу нив има и новинари, фотографи и камермани, кои биле на терен за време на протестите.
Демонстрантите излегоа на протестен марш барајќи правда за убиствата извршени 2 октомври 1968 година, кога армијата пукаше врз неколку илјади студенти на плоштадот Три култури во Мексико Сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени