Семејството на Мајкл Џексон ја загуби битката што ја почна во судот со тужба за „АЕГ лајв“ (AEG Live) обвинувајќи ги за смртта на Мајкл Џексон. Поротниците сметаат дека компанијата го вработила докторот Конрад Мареј, кој беше обвинет за директен виновник за смртта на пејачот, но утврди и дека Конрад Мареј не бил некомпетентен да го лекува Мајкл.
Мајката на Мајкл и неговите три деца ја тужеа компанијата дека вработила некомпетентно лице, па одлуката во судот требаше да се донесе по прашањето дали Мареј бил компетентен да се грижи за Мајкл или не.
По тоа прашање, тужбата не помина, иако и самите поротници изјавија дека сметаат дека Мареј отишол предалеку и, веројатно, тоа го убило Мајкл Џексон. Според одлуката на судот, Мареј бил компетентен да ја врши работата за која е вработен. Сепак, тоа не значи дека тој работел етички. Доколку тоа беше прашањето, тука резултатот веројатно ќе беше поинаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.