Индискиот бизнисмен Субрата Рој најави дека следната година ќе ја посети Србија за да процени дали има простор да инвестира во српското стопанство, објави српскиот дневен весник „Блиц“.
Субрата рекол дека уште не ја разгледувал Србија како земја за инвестирање, но дека следната година ќе ги процени околностите за инвестирање. Македонија е првата балканска земја во која Рој почнува бизниси.
Индискиот милијардер Рој најави милионски инвестиции во изградбата на современа млекарница во комбинатот „Џумајлија“, а неговите планови се млекото и млечните производи да ги извезува во балканските земји.
– Многу ми е важно во земјата во која инвестирам да ме поддржува владата и локалната самоуправа – изјави Рој.
„Блиц“ известува дека индискиот бизнисмен негирал дека му се блокирани банкарските сметки, откако Врховниот суд на Индија на барање на регулаторното тело за пазарот на хартии од вредност (СЕБИ) наложил Рој да им врати на партнерите 4,5 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.