Според угледниот весник „Економист“, актуелниот српски вицепремиер Александар Вучиќ следната година по предвремените избори ќе биде новиот премиер. Весникот пишува дека целта на Вучиќ се резултати во евроинтеграциите и борбата против корупцијата, а за разлика од политичарите кои само ветуваат, а не исполнуваат.
Според анкетата што ја пренесува весникот, 66 проценти од испитаниците во Србија се изјасниле дека тој треба да биде следниот премиер, а, според фактот што Србија ќе ги почне преговорите со ЕУ, најдоцна до јануари 2014 година, „Економист“ предвидува дека Вучиќ ќе бара предвремени избори за да ја потврди својата позиција на најмоќен политичар во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.