| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ се налути, бара казни за местенката

Постапка за казнување на одговорните покрена српскиот премиер Ивица Дачиќ поради пропустите кои довеле до тоа тој да биде жртва на скриена камера, изјави специјалниот советник на премиерот за национална безбедност Ивица Тончев за „Блиц“

7048D0F92620434B9F75FF78DFE6DE57

Тој наведе дека Дачиќ не дозволил да се емитува спорната снимка на која водителката без гаќи го интервјуира премиерот.

– Целиот слуичај ќе биде целосно испитан, посочи Тончев додавајќи дека скриената камера „е потсмевање со Србија, а не со премиерот“.

Тој истакна дека луѓето од „Невозможна мисија“ на ТВ Коперникус „ја злоупотребиле довербата и пријателството што премиерот го има кон новинарите“.

Тончев наведува и дека Дачиќ ќе ги искористи и законските основи за да ги санкционира тие што го прекршиле законот или новинарскиот кодекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top