Учителките, наставниците и негувателките во градинките отсега нема да можат да носат куси здолништа, нападна шминка и накит, дречливи нокти и многу високи потпетици.
На трибината на тема „Нашата облека – говор без зборови“, која денес се одржа во Општина Кисела Вода, раководителот на одделението за предучилишно воспитување Ирина Момироска ја нагласи суштинската улога на просветните работници и нивниот изглед во процесот на едукација и образовање на најмладите.
– Луѓето во 55 проценти го перцепираат вашиот изглед, 38 проценти ве гледаат како зборувате, а само седум проценти ве слушаат што зборувате. Тоа го покажуваат најновите истражувања – информираше професорката Маљковиќ Атанасовска укажувајќи на некои пораки што можат да се прочитаат од изгледот.
Истовремено, таа укажа и на тоа како изгледот може да влијае врз децата, нагласувајќи им на присутните дека облеката треба да ги задоволи трите принципи – удобност, професионалност и индивидуалност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тарчуловски: Расадник и Драчево ќе добијат нови градинки
-
Проекти за потребите на родителите: Нови градинки за Расадник и Драчево, продолжен престој во училиштата
-
Општина Кисела Вода со хуманитарна акција за помош на поплавените семејства
-
Почнува реконструкцијата на ООУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода


