| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА ги казни Србите со 50.000 франци

713102-10

Српската фудбалска федерација е казнета со 50 илјади швајцарски франци поради небрежност на натпреварот со Хрватска во квалификациите за Светскиот куп во 2014 година во Бразил.

Фановите на српската репрезентација за време на натпреварот запалија неколку факели, уништувајќи и горејќи столици, а со истите маваа кон Јосип Шимуниќ  по бруталниот старт над Миралем Сулејмани.

Тој доби црвен картон и  е казнет со неиграње на само два натпревари. Ова е добра вест за Хрватите, бидејќи Шимуниќ ќе ги пропушти натпреварите против Белгија и Шкотска во завршните квалификации, но тоа ќе биде на располагање на тренерот Игор Штимац за ноемвриските плеј-оф натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top