| четврток, 6 декември 2018 |

Кили пуштен во домашен притвор

kili-intervju-02-602x320

Актерот Кирил Поп Христов попладнево ќе биде спроведен во домашен притвор, потврди за порталот Плусинфо, неговиот адвокат Владимир Данаилов.

-Сега се враќам од суд. Веднаш и се јавив на сопругата да го очекува Кили дома во попладневните часови – рече Данаилов.

Четириесет и шестгодишниот Кирил Поп Христов, беше приведен пред неполн месец. Како што тогаш извести Министерството за внатрешни работи, тој и неговиот брат, Владимир Поп Христов, се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Вчера сопругата на Кили, Гордана Деан Поп Христова изјави дека нејзиниот сопруг не добива соодветна медицинска грижа за сериозната здравствена состојба во која се наоѓа.
– Кили има тумор на плешка и му треба специјалист. Не знам зошто е тоа проблем. Многу ми е тешко и не знам од каде да барам помош – рече таа вчера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top