Нема да најдете држава во Европа што во една година ги зголемува капиталните инвестиции за 20 проценти. Вкупниот износ на капитални инвестиции е 22,5 милијарди денари и е за 20 проценти повеќе од оваа година, вели министерот Зоран Ставрески во интервјуто за Пресс24.
Најрано, речиси 4 месеци пред стартот на календарската година, како никогаш досега во историјата на независна Македонија, Владата изготви предлог Буџет и го достави до Пратениците, со цел да имаат време и можности да ги разгледаат сите ставки и навремено да реагираат и токму од тие причини, Вицепремиерот и министер за Финансии, Зоран Ставревски не очекува повторување на минатогодишното сценарио на опзицијата, туку напротив очекува плодна и конструктивна дебата на пратениците.
-Се разбира дека очекувам жестока дискусија. И тоа е добро. Затоа и буџетот се усвојува од страна на Парламентот, бидејќи тоа се средства од сите граѓани на Република Македонија наменети за сите граѓани на Република Македонија.
Сепак тука би истакнал дека плодотворна дискусија за буџетот и режирана амандманска блокада, која се случи минатата година, се две различни работи, вели во интервјуто за Прес24, Вицепремиерот Зоран Ставревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.