Двајца Грци се приведени претпладнево затоа што го снимале Собранието на Република Македонија.
Според помошник-министерот на МВР, Иво Котевски, тие немале одобрение за снимање.
– Во моментов се проверуваат снимките и доколку се утврди дека снимиле нешто што е од безбедносен карактер, ќе бидат поднесени соодтвени пријави – изјави Котевски за „Република“.
Тој немаше инфомација за идентитетот на овие грчки државјани, ниту со што се занимавале. Грците биле приведени во Полициската станица „Центар“, каде што во тек е разговор со нив. Грците се возеле во „пежо“ со грчки регистарски таблички кога биле уапсени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.