| четврток, 6 декември 2018 |

Првите температури под нулата

На почетокот на овој викенд, во петок и сабота на некои места температурата ќе се спушти под нулата, при што ќе има појава на приземен мраз. До сабота времето ќе биде стабилно и суво, а во текот на ноќта ведро и студено, соопштуваат од  Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од таму предупредуваат дека очекуваните минимални температури можат да предизвикаат сериозни штети кај тутунот во Пелагонија и на повисоките висорамнини, Полог, Преспа, Малеш и Пијанец, а оштетувања се можни и кај градинарските култури, особено зелените пиперки и домати на отворено.

Кај овошките и виновата лоза не се очекуваат позначителни оштетувања.

Се предупредуваат земјоделците да извршат забрзана берба или да применат некои од мерките за заштита од мразеви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top