Од денеска до 18-ти октомври во Куманово ќе се одржи меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија Куманово 2013“. Фестивалот има ревијален карактер, секогаш се одржува во првата половина на месец октомври и со него завршува сезоната на театарските фестивали во Македонија.
Во изминатите 15 години изведени се над 130 претстави, учествувале сите театарски куќи од Македонија, а од странските гостуваа Националните театри од Софија, Белград, Нови Сад, Вараждин и Загреб а во 2012 година имаше над 4.700 посетители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.