Октомври за месец на ненасилство во Македонија и за месец на помалку гледање и презентирање негативни содржини во медиумите, повикаа невладините организации Уметност на живеење Македонија, Здружение за развој на вредностите на обединетите нации СУНА – Скопје и Арт Лајф – Скопје. Според претставниците од овие невладини, општеството се повеќе добива млади дезориентирани и неморални луѓе. Децата децата израснуваат во гневни млади личности без изграден интегритет, без сознание за морален вредносен систем што резултира со зголемување на насилството во семејството и општеството.
– Во Македонија и во светот генерално се забележува отсуство на позитивен вредносен систем. Родителите се почесто поголемиот дел од времето го минуваат надвор од дома во потрага на егзистенција. Другите се борат да го зачуваат ствоето работно место или да добијат подобро. Правилата на игра најчесто се нечесни. Возрасните секојдневно се соочуваат со голем стрес, лоша комуникација и конфликти. Овој стрес родителите го носат дома и го пренесуваат на своите деца. Децата бидејќи се под влијание на лошиот контакт со родителите, се препуштаат на цртани, видео игри и интерент кои се полни со погрешни предности, филмови полни со насилство, лошата ТВ програма и лесен пристап кон порнографски содржини, стои во повикот на невладините организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст