Фолк пејачката Јасмина Гуњова распали по новите колешки на музичката сцена. Според фолкерката моменталната криза на во која се наоѓа музичката сцена е една од главните причини за нејзиното апстинирање од музиката во последно време. Таа за Вечер вели дека е згрозена од новите колешки кои се појавија на фолк сцената и смета дека тие се срам за нашата естрада.
“Па тоа тие што го пеат е срамно. Како можат? Е, од таквите како нив размислувам да се повлечам од фолк музиката. Па тоа не се песни, тоа се живи глупости”, заклучи Гуњова и порача: “Доколку некој има добар текст за песна, слободно нека ме побара. Мене ми треба убава, народна песна, а не глупостите кои композиторите ми ги испраќаат во последниве неколку години”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.