Полицијата во американскиот главен град Вашингтон интервенираше и ги избрка граѓаните собрани пред споменикот на ветераните од Втората светска војна во строгиот центар на градот, пренесе МИА од Вашингтон.
Споменикот на победата во Вашингтон стана симбол на буџетската криза во САД кога утринава, откако полицијата најави дека ќе го затвори, група од неколку десетици ветерани на Втората светска војна, на возраст меѓу 80 и 90 години, ги отстранија полициските барикади и влегоа во меморијалниот центар.
По интервенција на повеќе конгресмени се очекуваше дека полицијата ќе дозволи непречен пристап до споменикот. Сепак околу 15 часот попладне, кога ветераните веќе беа заминати, полицијата интервенираше и ги избрка неколкуте десетици граѓани кои беа собрани во меморијалниот центар.
Меѓу нив се наоѓаше и една хомосексуална двојка, која беше дојдена да се венча во меморијалниот центар. Полицијата ги избрка и нив, како и повеќе повозрасни лица, а полицаец на коњ за малку ќе удреше родител со две мали деца.
– Не им се лутам на полицајците, тие само си ја вршат работата, но лут сум што меморијалниот центар е затворен. Многу луѓе дојдоа од внатрешноста, луѓе кои што служеле во војска и срамота е центарот да биде затворен за нив, изјави еден од присутните граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре


