| четврток, 6 декември 2018 |

Медузи саботираа нуклеарен реактор во Шведска

aerodromРеакторот на шведската нуклеарна централа „Оскарсхамн“, кој е еден од најголемите во светот, прекина со работа, откако во него навлегле медузи кои ги затнале цевките за вода. Прекинот предизвика јужниот дел на Шведска и источна Данска да останат без струја. Со тоа и аеродромот во Копенхаген мораше да ги пенасочува летовите кон Шведска и Норвешка.

Вработените во нуклеарката, што се наоѓа во југоисточниот дел на Шведска, во неделата биле принудени да ја запрат работата на реакторот 3, откако голем број медузи навлегле и ги затнале цевките кои пренесуваат студена вода до турбините на нуклеарната централа. Цевките вчера биле целосно исчистени, а инженерите се подготвуваат повторно да го активираат 1.400-мегаватниот реактор, соопшти фирмата ОКГ, која е сопственик на нуклеарката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top