| четврток, 6 декември 2018 |

НАСА на роденден остана без пари

NASAЗаради проблемот со сојузниот буџет во Конгресот, Американската вселенска агенција (НАСА) остана без пари, а 97 отсто од вработените се испратени дома на „чекање”. НАСА всушност денеска слави роденден, таа започна со работа на денешен ден пред 55 години, но наместо со прослава, роденденот го дочека речиси без ниту еден од своите 18.000 вработени.

На работа останале 549 луѓе, кои воглавно работат во контролата на летање во Хјустон и ја контролираат работата на Меѓународната вселенска станица. Во случај на некоја вонредна ситуација, во резерва се нешто повеќе од 1.500 луѓе, додека сите останати се на принудни неплатени слободни денови.

За сериозноста на ситуацијата говори и фактот дека насловната страница на веб порталот на НАСА е недостапна. Наместо содржина, на страницата само пишува дека е недостапна заради недостаток на пари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top