Војвотката од Кембриџ, принцезата Кејт Мидлтон почнала сериозно да се подготвува за бебето кое треба да се роди летово. Кејт на лето треба да стане мајка првпат и тоа на девојче и поради тоа е во потрага по куќна помошничка на која ќе може да и верува.
Како што објава британскиот таблоид „Хелоу“, Кејт бара куќна помошничка која ќе и помага околу домашните обврски по породувањето, за да може целосно да му се посвети на бебето.
Кејт и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам во огласот нагласуваат дека бараат помошничка која ќе се грижи за „облеката на војвотката, да го полира среброто и да пере алишта“.
Младата барчна двојка се надеваше дека наскоро ќе може да се пресели во луксузниот нов дом во Велс, каде принцот и пронцезата би биле „далеку од очите на кралицата“, но градежните работи нема да бидат завршени пред раѓањето на бебето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


