| четврток, 6 декември 2018 |

Познати македонски пејачи на аудициите за „Икс фактор“ (ФОТО)

Фотo: Иван Раденов и неговиот брат Илија

40 македонски кандидати одат понатаму во втората фаза на балканското шоу „Икс фактор“. Тие се избрани помеѓу 8.000 пријавени кандидати од целиот Балкан и се наоѓаат меѓу најдобрите 200.

На првите аудиции чие снимање веќе заврши се пријавија и пејачи кои веќе ѝ се познати на македонската публика. Покрај Фифи, за кого веќе пишувавме, во студиото на „Пинк телевизија“ во Белград пристигна и првиот македонски идол, Иван Раденов.

На „Икс фактор“ среќата си ја испроба и веќе ветеранот на ваквите аудиции, Наталија Данаилова, која ја знаеме од аудициите на бугарскиот и македонскиот „Идол“, како и шоуто „Сите наши ѕвезди“ на МТВ.

Понатаму во втората фаза продолжува и македонската пејачка Лена, која веќе неколку пати настапуваше на „Макфест“.

Официјален водител на шоуто е актерот Бане Јевтиќ, а со македонските кандидати ќе му помага и Снеже Велков. Во галеријата се дел од македонските кандидати кои добија „да“ од жирито.

Следната фаза, всушност, ја сочинува уште една аудиција, но овој пат само пред официјаното жири, кое ќе одлучува кој од нив ќе оди понатаму.

Потоа кандидатите ќе бидат поделени во 4 групи: момчиња, девојки, пејачки групи и кандидати над 30 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top