| четврток, 6 декември 2018 |

Се бара човекот кој остави неколку килограми злато на железничка станица во Келн

„Се замолува човекот што остави злато и голема сума пари во главната железничка станица во Келн итно да ги контактира надлежните служби“, гласеше апелот на полицијата во овој германски град која се обидува да го пронајде сопственикот на неколу килограми злато и шестоцифрена сума на евра.

Како што пренесуваат германските медиуми, златото и парите биле пронајдени уште во април во кутија на железничката станица во Келн, а овој „оглас“ е последната шанса да го пронајдат сопственикот пред златото да оди на аукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top