Шведска е најдобра земја во светот за постари лица од 60 години, оцени организацијата за меѓународна помош и соработка „Хелп ејџ интернешнел“.
Со појдовна основа од 13 параметри, поврзани во четири главни категории, споредувани се податоци од 90 земји, и тоа во однос, на пример, на здравјето, економијата и работата. Вкупно земено во споредбената анализа Шведска покажува најдобри резултати, а веднаш зад неа на глобалната ранг-листа се Норвешка и Германија. Податоците користени во испитувањето доаѓаат од разни органи на ООН, Светска банка и Светската здравствена организација (СЗО).
Кога станува збор за економијата, извештајот е фокусиран, пред сѐ, врз важечките услови и критериуми во рамки на пензискиот систем, бројот на сиромашни постари лица и распределбата на буџетски средства наменети за згрижување постари лица.
Под категоријата здравје се присутни податоци за психичката здравственба состојба и очекуваната должина на просечниот животен век, како и бројот на здрави години по 60-годишната возраст.
Тоа што ситуацијата во Шведска вкупно земено се проценува како најдобра за постари лица во светски рамки, се објаснува со долгата традиција на вложувања во изградбата на разгранетиот систем на општествена благосостојба. На пример, се истакнува податокот дека токму пред 100 години Шведска беше прва земја во светот која има воведено пензиски систем, пишува „Свенска дагбладет“, пренесува МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.