| четврток, 6 декември 2018 |

Мапа: САД ја прават Германци

Уште една интересна мапа, која овојпат ја објавува лондоснки „Дејли мејл“. Ова е етничка мапа на САД, односно каде се населувале имигрантите и како нивните потомци се чувствуваат денеска.

За разлика од општото мислење дека САД се продолжение на Велика Британија, најмногу поради јазикот, етничката карта покажува нешто сосема друго. Убедливо најголема етничка група во САД која сочинува една шестина од наеселението се Германците (50 милиони), а зад нив се Црнците (41 милион). Во САД многу Германци се прославиле бегајќи од завојуваните германски држави во 19 век. Од германско потекло се Бен Афлек, Том Круз. Волт Дизни, Хенри Хајнц, Оскар Мајер, Боинг и многу други. Тие во САД го донеле кечапот, хамбургерите и детските градинки. Најмногу ги има во Марикопа и во Аризона.

Ирците се трета најборојна група (35 милиони), кои, исто така, масовно се населувале во текон на 19 и почеток на 20 век. Познати Ирци се Џон Кенеди, Нил Армстронг, Дерек Џитер. Дури 12 отсто од популацијата во САД тврди дека има ирско потекло.

Мексиканците се четврти (31 милион), а нивното учество во наслението е зголемено двојно од 1990 година до денес.

Англичаните се дури на петтото место (27 милиони). Живеат на источниот или на североисточниот дел на САД. Најпознати Англичани се Бил Гејтс и Орсон Велс.

Во САД има и 17 милиони Италијанци, речиси 10 милиони Полјаци, 9 милиони Французи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top