Првпат во 17 години американската влада во вторникот затвори во минута по полноќ откако Претставничкиот дом и Сенатот не се согласија за трошeњата на владата.
Републиканците и демократите продолжија со обвинувања и натегања за популарниот „Обамакеар“, решението на претседателот за здравствена заштита.
Федералните службеници кои се сметаат за суштински ќе продолжат да работат. Оние што се сметаат за несуштински – повеќе од 800.000 – ќе бидат привремно без плата, односно остануваат во несигурност кога ќе бидат во можност да работат или да бидат платени повторно.
Повеќето од тие федерални работници би требало да бидат надвор од нивните канцеларии во рок од четири часа од почетокот на рабоното време денеска.
Американскиот претседател, Барак Обама, рано изутрина упати порака кон цивилите вработени во Министерството за одбрана.
– Оние од вас во униформа ќе останат со нормален статус. Конгресот го донесе и јас го потпиша законот за да бидете сигурни дека ќе ја добиете вашата плата навреме. На сите наши цивилни вработени – знам дена ова значи голема неизвесност откако многумина од вас веќе издржа ова лето. Вие и вашите семејства заслужувате подобро од оваа дисфункција во Конгресот на кој сме сведоци…. Тоа е причината зошто јас ќе продолжам да работам за да го натерам Конгресот да ја отвори нашата влада и да ве врати на работа што е можно поскоро – рече претседателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.