| четврток, 6 декември 2018 |

Царински улов: Бикова сперма, вијагра и природно крзно

carina-Минатата недела цариниците на граничните премини запленија девизи, вијагра, цигари, чаеви, автоделови, градежни материјали, козметички производи, готови текстилни производи и фалсификати.

Така, освен вишок евра кај патници се пронајдени и вишок унгарски форинти и турски лири, па тие се задржани согласно Законот за девизно работење, а дел се вратени на сопствениците. Царината на аеродромот Александар Велики и на Табановце спречи шверц на помала количина цигари. Запленети се и козметички производи како парфеми, дезодоранси и стикови, но и тоалетни води и креми.

Она што е интересно е пронајдената бикова сперма складирана во еден метален сад (500 единици) наменета за вештачко оплодување на крави. Материјалот за расплод е пронајден при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблици при влез во државата на граничен премин Табановце – автопат, соопштија од Царината.

Исто така се откриени и 68 таблети вијагра (17 пакетчиња) од 100мг, откриени при контрола на патничко возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Вијаграта е пронајдена во фабричка преграда под потпирачот за рака и во вратата на возилото, од страната на возачот.

На граничниот премин Богородица  при контрола на патнички автомобил со црногорски регистарски таблички, управувано од црногорски државјанин,  8 женски бунди од природно крзно и кожа, откриени на царинската испостава Богородица-патнички промет,пријавено за влез во државата. Бундите се пронајдени во патна торба сместена во багажниот простор на возилото и на закачалка покриена со палто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top