Новото истражување спроведено на 2.000 вработени личности од Велика Британија открива дека Британците својата пауза за ручек ја користат за секс. Имено, во паузата која во просек им трае по 37 минути, еден од 20 испитаници практикува романтични активности, покажа истражувањето. Покрај тоа, дошле и до заклучок дека 50 проценти од мажите се спремни да останат и да работат за време на паузата во споредба со жените.
Друго пак истражување открило дека менаџерите, дури 29 проценти од нив, признале дека се спремни да ги отфрлат етичките норми за работа и да стапат во сексуален однос со некој од вработените.
Во секој случај, Британците знаат како да се релаксираат за време на еден напорен работен ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


