Авиопедиа ја отвори зимската сезона, промовирајќи го новиот директен лет Скопје-Берлин. Покрај веќе постоечките дестинации, како што се Цирих, Диселдорф и други, кои ги нуди Авиопедиа, сега и од скопскиот аеродром сите заинтересирани ќе можат да го посетат главниот град на Германија, светскиот центар на културата, историјата и науката, град познат по архитектурата и богатиот културен живот, како и добро познатиот ноќен живот, по најповолни цени.

Летовите Скопје – Берлин се редовни и директни. Почнувајки од 20 декември 2013 година линијата ќе оперира секој понеделник и петок. Цените на авиобилетите се поволни, а во нив се вклучени и багаж од 20 кг + 5 кг во кабина и сите такси и даноци, без дополнителни надоместоци и скриени трошоци, информираат од компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините
-
Вучиќ во Берлин ќе се сретне со Меркел


