| четврток, 6 декември 2018 |

Падна првата затворска казна за кражба на струја

Една година затвор доби скопјанецот М.С. за сторено кривично дело кражба на електрична енергија. Апелациониот суд го осуди на ефективна казна затвор со што ја измени  условната казна која предходно му ја изрекол Основниот суд Скопје 1.

Слична разврска чекаат уште повеќе случаи на кражби на електрична енергија. Мерките кои ги предвидуваат измените во кривичниот законик кои стапија на сила на почетокот на годината се многу построги и предвидуваат и затворски казни до 5 години. Покрај ова и финансиските казни за ваквиот вид на кривично дело се енормно високи. се движат меѓу 5 000 и над 20 000 евра.  

Со ова дело не само што се нанесува материјална штета на Дистрибутерот на елетрична енергија, туку оштетена е и државата за процентот на данок кој не може да се наплати на украдената електрична енергија. Најголем проблем крадците на струја прават на системот за дистрибуција, но во опасност го доведуваа и својот но и животот на своите блиски и соседи, поради најчестиот случај на пожари на местата каде се краде електричната енергија. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top