| четврток, 6 декември 2018 |

Николиќ: Србија да подготви терен за геј-парада до година

tomislav_nikolicТеренот за „Парадата на гордоста“ требаше многу подобро да се подготви, а да не се дозволи тоа да го загрозува европскиот пат за кој вложивме многу напори, рече српскиот претседател Томислав Николиќ и додаде дека подготовките за следната година треба да почнат веднаш. Николиќ додаде дека, според Уставот на државата, сите граѓани, па и припадниците на ЛГБТ популација имаат загарантирано право на собирање, и тоа е еден од постулатите за кои Србија се залага во рамки на борбата за човекови права.

– И државата би требало да се посвети на адекватен начин – се додава во соопштението од неговиот кабинет.

Меѓу клучните институции во „подготовка на теренот“ тој ги наведува безбројните агенции, медиумите, невладините и меѓународните организации.

Еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром пред десетина дена ја предупреди Србија дека клучен показател за напорите на земјата за приклучување кон Европската унија ќе биде одржувањето на најавената „Парада на гордоста“ во Белград.

И покрај забраната за одржување „Парада на гордоста“ во Белград, и оваа година оправдана со безбедносни причини, околу 200 припадници на ЛГБТ заедницата вечерва се собрале на улицата Кнез Милош пред зградата на српската влада. Собирањето завршило без никакви инциденти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top