| четврток, 6 декември 2018 |

Можат ли Македонците без месо?

Организаторите на вториот по ред фестивал за веганска храна во Македонија,  „Скопје Вегефест“, тврдат дека Македонците можат без месо. Тие со овој фестивал сакаат да покажат дека во Македонија има вегани и луѓе кои се стремат кон здрав живот.

– „Скопје вегефест“ е првиот и единствен фестивал за промоција на веганска храна во Републикава, и како такви сакаме да докажеме дека Македонија изобилува со свежи и здрави производи, овошје и зеленчук со најубав вкус на целиот свет – велат тие.

Почетоците на „Вегефест“ во Македонија беа скромни собирања и размена на вегански рецепти и приготвена храна, меѓутоа со упорност овие скромни собирања прераснаа во фестивал, кој ја возвишува веганската храна.

Годинава фестивалот ќе се одржи на 19 и 20 октомври, во „Ла Кања“ во Старата Скопска Чаршија.

Годинава организатори на „Вегефест“ се Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ и Здружението за заштита на животната средина „Terra Floria“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top