Арчи Карас, професионален коцкар со долга и успешна кариера, е уапсен затоа што ги обележувал картите во казино во Калифорнија.
Арчи, односно Анаргирос Карабурниотис, има 62 години, а е познат по успесите од 1992 до 1995 година кога загуби само една партија покер и заработи богатство од 40 милиони долари, а сето тоа почнало со една банкнота од 50 долари.
Според зборовите на обвинителството, Арчи е снимен со сигурносните камери како со посебен маркер ги означува картите. Тој оставал мали точки на асовите, кралевите, дамите и џандарите поради што постојано бил во предност. Маркерот се наоѓал во посебен чип со кој тој поминувал преку картите.
Арчи моментално се наоѓа во притвор во Сан Диего, каде што наскоро ќе биде изведен пред истражен судија затоа што е обвинет и за неколку други измами, како и за ограбување на станови. Веста за Арчи е главна во државите каде што казината се голем бизнис за полнење на буџетот од САД до Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


