| четврток, 6 декември 2018 |

Пешак загина во сообраќајка во Порече

soobrakajka-

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 19 часот се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат Македонски Брод – село Растеж, поточно кај крстосницата за селото Брест.

Автомобил „југо“, со кој управувал 38-годишниот С.М. од село Зречан, удрил во пешак, 57-годишниот Видоја Велески од село Косово, Македонски Брод.

Пешак бил пренесен во медицинскиот центар во Прилеп, каде што им подлегнал на повредите.

Полицијата извршила увид, а телото на загинатиот е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top