Србија сигурно ќе го почне процесот на преговори за членство во ЕУ во јануари идната година и за тоа нема да има никакви дополнителни услови, пишува белградскиот весник „Данас“.
И покрај изјавите од Германија дека ќе има дополнителни услови и оти Србија не одговорила на сите очекувања, Германија нема да се обиде да го запре официјалниот почеток на преговорите во јануари, оценуваат за „Данас“ странски аналитичари.
Тие сметаат дека врз преговарачкиот процес не би требало да влијае инцидентот во Косово неодамна, во кој во Звечан беше убиен припадник на ЕУЛЕКС, додава весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.